сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Градежен работник се здобил со повреда при работа во атарот на село Волино

На 13.11.2024 околу 12.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека, при извршување градежни работи во атарот на селото Волино, општина Дебрца, со повреди се здобил работникот , лице на (56) од Охрид.

Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Државен инспекторат за труд и безбедност при работа.

 

 

 

фото -архива