сабота, ноември 23, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

ФК „Св. Троица„ Охрид со огромна тага се прости од прерано загинатиот Димитар

Со огромна тага ја примивме веста за трагичната загуба на младиот фудбалер, Димитар Црвенкоски, кој неодамна беше дел од ФК Слатино. На само 18 години, неговиот живот прерано згасна во сообраќајна несреќа.
ОД ИМЕТО НА ЦЕЛИОТ КЛУБ, ФК Света Троица 2021, изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и пријателите. Со вас сме во овие тешки моменти и подготвени сме да понудиме поддршка и помош доколку е потребно.
Почивај во мир, Димитар, пишува во објавата на ФБ.