Наш изборНаш ИзборОхрид

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 51 годишно лице од Струга за кривично дело „бесправна градба“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 51 Годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. На катарстарска парцела во струшкото село Мислешево, пријавениот без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, изградил доградба на објект за домување. Од извршениот инспекциски надзор извршен од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ги отстрани утврдените неправилности.