Како дел од активностите за подобрување на уличната мрежа во Охрид, денеска се изврши асфалтирање на краци од улица “Ристо Чадо” во должина од 300 метри.
Исто така во тек се подготвителни градежни активности за асфалтирање и на краци од улицата “Ѓорче Петров”.
Асфалтирањето е дел годишните програми за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид, информира во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.