Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Јеротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Којштo му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.
Редакцијаоктомври 17, 2024
posted on
denovi.mk