На 15.10.2024 во 15.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода лице на (64) години од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што билепронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.