АктуелноОхрид

ОО Левица: Во јадрото на чаршијата се гради незаконски без одобрение за градба!

Во самото јадро на старата струшка чаршија, кај поранешниот клуб ,,Холивуд”, интензивно се вршат градежни активности, без поставена информативна табла согласно Законот за градење!
Сомнежите се дека се УЗУРПИРА државен имот и дека инвеститорот воопшто нема одобрение за градба. Старата струшка чаршија постојано е под напад на урбанистичката мафија и нејзиниот лик е целосно променет, додека надлежните инспекторати никаде ги нема на терен!
‼️Ги повикуваме советниците во Советот на општина Струга од ВМРО ДПМНЕ О.К. СТРУГА и СДСМ Струга да реагираат за конкретниот објект и да побараат информација дали воопшто инвеститорот има одобрение за градба.
#Левица ќе поднесе иницијатива за вонреден ИНСПЕКЦИСКИ надзор со цел да се констатира фактичката состојба на терен. Дополнително, ќе алармираме и до Државниот правобранител за сомнежите дека се узурпира државен имот во срцето на струшката чаршија.
Јавно прашуваме – дали и новата власт ќе го дозволи дивеењето на урбанистичката мафија?