АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Мухамед Максуд остатоткот од собраните средства ги донира за лекување на друго дете

Младиот Охриѓанец Мухамед Максуд Муки, откако собра повеќе од потребните донации за неговиот медицински зафат, остатокот од собраните средства ги донираше за лекување на друго дете.

За момчето се објави апел за собирање на донации за скапата интервенција на платформата E-Crowd, а набргу потоа се огласи д-р Ненад Лазаров од оваа хумана заедница, со убави вести.

Имено, Мухамед ги собрал потребните средства за трансплантацијата, па дури и повеќе пари од потребната сума од разни хуманитарни канали, а остатокот од финансиите решил да ги редонира за Јована Ѓорѓиева (10), која боледува од ретката болест WEST Syndrome.

За Јована, исто така е објавен апел за донации на платформата E-Crowd, а се собираат средства со цел да се купи лифт за скали, односно мобилна скалишна столица. Со лифтот ќе му се олесни секојдневите на девојчето, но и на родителите, кои постојано на раце го носат по скалите, бидејќи мобилноста му е отежната.

Со својот гест Мухамед покажа дека солидарноста нема граници, но исто така им даде пример и на останатите лица кои се нашле во слична состојба, лекувањето да им зависи од хуманоста на народот, да ја покажат својата големина, и доколку соберат повеќе средства од потребните, да ги редонираат.

 

fokus.mk