АктуелноОхрид

Николоски-Лудва: Се разгледува можноста за воведување на нови авиолинии меѓу Македонија и Чешка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.

На средбата на која што беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше за идна соработка во различни сектори од заеднички интерес меѓу двете земји.

Исто така се отвори и прашањето за можноста за воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа министерот Николоски го запозна амбасадорот за условите и критериумите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.