Свечен час на 46-тата генерација студенти на Факултетот за туризам и угостителство. На свечениот час се обратија продеканот за настава на ФТУ, Проф. д-р Бранко Николовски, проректорот за настава на УКЛО, Проф. д-р Цветко Андреески, директорот на Царинска управа на Македонија, Бобан Николовски, заменик директорот на Царинска управа на Македонија, Гарип Каба, претседателот на Управниот одбор и Генералниот извршен директор на Шпаркасе банка, Санел Кустурица и претставникот на Македонија осигурување и професор, Проф. д-р Климе Попоски.
Оваа година има поголем број на студенти во однос на претходната. Универзитетот Св Климент Охридски е дел од Универзитетската алијанса „Колорс“, Европската Универзитетска алијанса која што им дава дополнителни можности на нашите студенти за соработка со нивни колеги, за мобилност во странство, за учество во проекти и се тоа што значи подобар и поквалитетен студентски живот и се разбира повисоко ниво на настава и знаење.