Денеска избувна пожар во угостителски објект во центарот на Охрид, објави МИА.
Првичната информација е дека пламенот избувнал во оџакот на објектот.
Благодарение на брзата интервенција на вработените од околните објекти било спречено ширење на пламенот.
Од СВР велат:
На 22.09.2024 во 01.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Коста Абраш“ во Охрид настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Увид бил извршен.