Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До карјот на годинава остануваат уште 100 дена.
Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува зимата.
Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат посвежо утро, а преку ден, сончево и релативно топло време со мала облачност и со слаб променлив ветер.
Есента е и период за подготовка на земјоделците за жетва и за собирање зимници, како и за љубителите на природата кои го користат последниот благ период за активности на отворено.
Традиционално, есента е време на смиреност и преод, носејќи чувство на стабилност по динамичните летни месеци.