АктуелноОхрид

(ФОТО) Одржана свечена пензионерска средба 2024г

На ден 31 август 2024 лето Господово согласно посебно изготвена програма во времето од 10 до16 часот во прекрасниот живописен манастирски комплекс Св. петка кај с. Оровник во општина Дебарца се одржа  четвртата традиционална пензионерска средба со членовите на ЗП Охрид и Дебарца.

На видно место во манастирскиот двор беше поставено рекламно пано со ознака 78 годиниСЗПМ и 74 години постоење на ЗП Охрид и Дебарца.

Во срдечна и пријателска атмосфера беа дочекани и сместени околу 400 пензионери и гости од страна на домаќините.

На наше огромно задоволство бевме почестени со присуство на поканетите гости  Станка Трајкова, претседателка на СЗПМ и Ментор Ќоку потрпетседател на ИО на СЗПМ, Зоран Ногачески градоначалник на општина Дебарца , Ана Костовска, заменик градоначалник на општина Охрид , делегација од збратимените ЗП Врање, Р.Србија на чело со претседателот Стојче Павловиќ и делегација од ЗП Солидарност-Аеродром Скопје на чело со претседателот Никола Маркоски, Климе Димоски претседател на Здружение на инвалиди на трудот Охрид, Добре Вељаноски претседател на здружение на ветерани од одбраната и безбедноста.

Почетокот на свеченоста беше симболично дбележан со интонирање на државната химна која беше поздравена со голем аплаус од присутните гости.

Васил Маркоски, претседател на ЗП Охрид и Дебарца ги поздрави сите просутни а со посебна благодарност им се обрати на дојдените поканети гости. Во своето излагање тој даде детален пресек на сите превземени активности на ЗП Охрид и Дебарца за период од минатата пензионерска средба до денес.

Свое пригодно обраќање имаше Станка Трајкова претседателка на СЗПМ која беше воодушевена како од присуството на големиот број пензионери така и од севкупното излагање на претседателот Маркоски при што буквално рече нема повеќе што да се каже, кажано е се. На кратко ги информира присутните за историјатот и формирањето на СЗПМ и 78 годишното постоење и добрата соработка со ЗП Охрид и Дебарца во неговото 74 годишно постоење. Оваа пензионерска средба претседателката ја карактеризира и како меѓународна поради присуството на делегација од ЗП Врање, Србија.

Културно забавната програма ја отвори КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебарца со свечената песна „Јас сум пензионер“ како и со песни и ора од охридскиот регион кој беа добро проследени и наградени со аплауз од присутните.

За веселото расположение на присутните се погрижи музичката група „Еснаф Бенд“ од с. Оровник кој со својот настап ја збогати прославата која после поделениот заеднички ручек продолжи до попладневните часови.

Целокупната организација на оваа пензионерска средба беше од страна на ЗП Охрид и Дебарца со финансиска и друга помош од општините Дебарца и Охрид и од црковниот одбор на црквата Св. Петка.

Пензионерската средба заврши со задоволство на сите присутни пензионери и гости со желба да просолжи и во иднина.

 

 

 

Комисија за инфомирање при ЗП  Охрид и Дебарца