АктуелноОхрид

Без вода корисниците од ул. „Гоце Делчев“ , „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, поради дефект

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 17:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите, Кошишта, Воска и Далјан.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.