АктуелноОхрид

(ФОТО) Паркови и зеленило со бројни активности пред почетокот на новата учебна година

Се уредува зеленилото, пристапните патишта и просторот околу школските дворови во повеќе училишта во градот и приградските населби
✅Се уредуваше зеленилото околу основното училиште ,,Кочо Рацин”, ,,Св. Наум Охридски”-Пештани, игралиште кај училиштето во с.Рача, ,,Св.Климент Охридски” во Стар Град и подрачното училиште во населба Даљан
5️⃣ На учениците, а посебно на првачињата, им посакуваме среќен почеток и успешна учебна годин, информираат од ЈП Охридски Комуналец.