АктуелноОхрид

ДЕН 7-OHRID WATER FESTIVAL 2024

🏊Се одржа првото Балканско јуниорско првенство на отворени води-Охрид 2024. На натпреварите зедоа учество околу 200 млади пливачи од регионот кои се напреваруваа во неколку јунирски категории. Организатор на првенството е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид.
⛵Продолжија натпреварите од „МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024“ на кој се натпреваруваат 8 тимови.
🤿Дечињата на возраст од 8-12 години имаа можност да нуркаат со искусните нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“ во отворен базен пред хотелот „Палас“, со модерна опрема прилагодена за нивната возраст и во строго контролирани услови.
🖼️Исто така во организација на нуркачкиот центар вчеравечер беше отворена изложба под наслов „Подводниот свет на Охридското Езеро“ на која беа изложени фотографии снимени на различни локации во езерото.
🎤Музичкиот дел од програмата вчеравечер беше посветен на најмладите кои заедно со своите родители уживаа во музичките композиции на фестивалот „Златно Славејче“ и концертот Disney приреден од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид. Покрај музичката забава за дечињата беа поставени и реквизити за забава, а беше организирана и анимација од магионичар.
✅Денеска на програмата се настаните:
➡️МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024
➡️Промоција на водени спортови
➡️СУП ЈОГА
➡️Промоција на Охридска и Македонска традиционална храна
➡️Изложба: „Нешто Сино“
➡️Концерт: Наум Петрески, Милован Секулоски & Група Сарај