Во неколку продолженија пишував за овој државен Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид (УИНТ), за нивните „филмски“ сценарија за образовни криминали и незаконитости, за непочитување на пресуда донесена од Управниот суд на Република Македонија од страна на ректорот Иван Бимбиловски, во соработка со претседателот на Сенатот на овој универзитет и истите се објавени на порталот НетПрес. За состојбите на овој државен универзитет запознаени се и надлежните институции Министерството за образование и наука(МОН), Државниот просветен инспекторат(ДПИ), ОЈО – Скопје-Охрид, ДКСК, Транспарент интернешенел Македонија, Сенатот и правната служба на универзитетот.
Па така, писмено се известени надлежните институции за состојбите и сомнеж за образовни и финансиски криминали на овој Универзитет. Воедно, писмено го известив Сенатот на универзитетот нивниот претседател како и членовите на Сенатот на Универзитетот дека вршат злоупотреба на функцијата со: несовесно, пристрасно, незаконско донесување на одлуки, непочитување и фрапантно кршење на Законот за високо образование (ЗВО), и Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” – Охрид, со што даваат можност за сомнение дека со тоа се прави заради стекнување на лична, а можеби и материјална корист. Се работи за следното:
ПРВО – Кој е Нинослав Марина
При одржувањето на “итна седница“ на 2.5.2024 година, во однос на точка два(2) од дневниот ред: “Избор на ВД Ректор на УИНТ “Св. Апостол Павле”-Охрид, имаат направено грешка, НАМЕРНА или НЕНАМЕРНА.
Имено, на истата седница за ВД Ректор го избрале Нинослав Марина.
Бидеќи некои информации очигледно “не сте ги знаеле“ за предложениот, избран кандидат Нинослав Марина, иако на сите ви е добро познат, сакам да Ве информирам дека сте направиле неколку повреди по различни основи, односно спротивно на: ЗВО, ЗКП и Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” – Охрид, поради тоа што:
Според досието на Нинослав Марина, во архивата во Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” – Охрид, а исто така според констатирана состојба од страна на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) во записници:
- ИП1 БР. 21-356 / 2 ОД 30.04.2013,
- ИП1 бр. 09-2546 од 07.12.2017,
- ИП1.БР. 09-444 ОД 28.03.2022, и
- решение ИП1.БР. 09-444 ОД 11.04.2022
(Доказ: сите записници се од јавен карактер, достапни во Државниот просветен инспекторат).
За В.Д ректорот Нинослав Марина, констатирани се следните НЕПРАВИЛНОСТИ, спротивни на ЗКП, ЗВО и Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” – Охрид:
- 12/2007година, д-р Нинослав Марина е избран во звање насловен доцент од областа на информациски системи и мрежи на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) Штип, за време на пет години од денот на избор.
- За не цели три години, односно на 18/06/2010 година, д-р Нинослав Марина е избран во звање вонреден професор од областа на компјутерски науки и технологии на приватниот универзитет МИТ- Скопје.
- Пазите, истиот ден, месец и година на 18/06/2010 година, д-р Нинослав Марина е избран во звање доцент од областа на Информатичките науки на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле’ – Охрид.
Ги прашувам
надлежни институции и господата сенатори на УИНТ-Охрид, Зарем ова не е ОБРАЗОВЕН КРИМИНАЛ? Ова е за „Гинисова книга“ на образовен криминал!. Вакво нешто се случува само во Зимбабве, ама и кај нас во Македонија! Образовна катастрофа!. Ова е за верувале или не! Да, верувајте, е тоа се случува во високото образование. Мора да се стави крај. Тоа го очекувам од новата Влада.
- Што прави МОН, издава Решение бр. 14-4264/2 од 16.05.2012 година, извршено е признавање на дипломата за завршени Докторски студии. За ова решение, почитувани институции и сенатори на УИНТ-Охрид, не е испочитувана процедурата, која што има сомнителен карактер. Доставено е барање за ревизија во МОН (за нострификации), извршено е признавање на диплома за докторски студии без доставен доказ за магистер или потврда за интегрирани студии, согласно ЗВО (прашање дали ги поседува, во МОН).
- Па така, 08/2012 година, д-р Нинослав Марина е избран во звање редовен професор. И, замислете надлежни институции и вие од Сенатот на УИНТ, веднаш е назначен за ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” – Охрид, од 2012 година до 2021 година, од областа на информациски системи и мрежи. За сето ова знаеле надлежните институции. Зошто, ништо не превзеле законски? Можете да претпоставите!?
- Во документацијата, односно досието на Д-р Нинослав Марина, НЕМА никаков доказ дека има завршено магистерски студии на Федералната политехничка школа во Лозана, Швајцарија (каде што паралелно и работи од 2012 па се до денес) или било каде друго место, согласно ЗВО.
- На 01/08/2012 година, Објавен е универзитетски билтен бр. 85 на УГД-Штип, за избор на Нинослав Марина во редовен професор. Крајно сомнително е тоа што рецензентската комисија се состои од само двајца членови. Рецензенската комисија е составена спротивно на член 136 од ЗВО, бидејќи двајцата членови не се професори од областа во која се избира Нинослав Марина.
http://www.ugd.edu.mk/images/stories/file/pdf/univerzitetski_bilten/bilten_85.pdf
- Според информациите ставени на веб страната на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле Охрид, стои рецензија на проф. Нинослав Марина за избор во редовен професор на странски јазик и потпишана од три странски професори (по кој закон ????, професорите од Бугарија немаат нострификација на нивните дипломи и звања според ЗВО во Република Македонија, немаат соодветни звања). Изборот е направен без конкурс, објава во Билтен… , И да биде апсурдот поголем одлуката за избор во звање си ја има потпишано самиот кандидат, Нинослав Марина (конфликт на интерес, нeморален и неетички чин). Тоа е спротивно на ЗВО на Република Македонија. (Поголем апсурд не може да биде)
- Според информациите од јавен карактер,
- https://people.hes-so.ch/en/profile/311780511-ninoslav-marina
- https://www.linkedin.com/in/ninoslav-marina-a1084a2/
Нинослав Марина се преставува како: “Rector Emeritus”, “PhD-CEO at University of Information Science and Technology “St Paul the Apostle””. Ова е лажно преставување и омаловажување на високообразовните институции во Република Македонија, како и СПРОТИВНО на ЗКП и ЗВО. Вакви звања според ЗВО во Република Македонија НЕ ПОСТОЈАТ, а и кривична постапка е во процес. Зошто наслежните институции молчат?
ВТОРО-Кој е Иван Бимбилоски
- За проф. д-р Иван Бимбилоски, претходен проректор, ректор, со Решение бр.09-9051/2 од 15.11.2007 година, издадено од МОН извршено е признавање на дипломата за завршени докторски студии и стекнат научен степен Доктор по правни науки, издадено од Централниот Европски Универзитет во Будимпешта, Република Унгарија. И кај овој проф. Иван Бимбилоски, не е испочитувана процедурата, извршено е признавање на диплома за докторски студии, без доставен доказ за магистер или потврда за интегрирани студии.
- Според записник од ДПИ број 09-444 од 28.03. 2022 год. издаден е документ од страна на Европскиот Универзитет во Виена, Австрија, во кој се наведува дека Иван Бимбилоски има стекнато образование магистер по Право за Компартативно Уставно Право?!?!
ЗАМИСЛЕТЕ ПОСЛЕ 17 (СЕДУМНАЕСЕТ) години
од нострификацијата за завршени докторски студии, после неколку опомени од Државниот просветен инспекторат, и после вршењето на функцијата проректор и ректор, конечно Иван Бимбилоски успева да добие и достави некаков си сомнителен “ДОКУМЕНТ“ во кој пишува дека е МАГИСТЕР???? (повеќе од аpсурдно и смешно).
Овој документ на Иван Бимбилоски, за МАГИСТЕР, е под истрага од соодветните институции. Поставувам прашање до МОН: Дали се крие образовен криминал во одделот за нострификации во МОН. Одговор барам од тогашниот раководител за високо образование Агим Рушити?
Иван Бимбиловки извршува функција на ректор 2021-2024година, пред тоа девет години проректор на ректорот Нинослав Марина. Има сомнеж на негова злоупотреба на службена должност, како ректор на УИНТ-Охрид Го прашувам: Дали, од 05/2021година, па до денес, паралелно сте вработени во странство DE MONTFORD UNIVERSITY,Kazakhstan?.
(доставено до ОЈО, ДКСК,Транспарент интернешенел Македонија, МОН)
Апел до премиерот проф.д-р Христијан Мицкоски на Владата на Република Македонија
Во врска со најавата на Владата за формирање национално кординативно тело/комисија, за што ќе биде надлежно МОН, со задача да ја контролира работата на високообразовните установи во Македонија, АПЕЛИРАМ, час поскоро и побрзо да се формира и профункционира ова национално тело/комисија, со цел да се испитаат прво јавните, односно државните високообразовни установи, кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, затоа што некои државни универзитети со своите единици (факултети) не ги исполнуваат законските нормативи согласно Законот за високо образование, како што е примерот со УИНТ-Охрид, со двајцата незаменливи (ново-стари ректори) Нинослав Марина и Иван Бимбилоски, како и со незаконските формирани пет (5) факултети, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид (УИНТ), кои имаат 5 (пет) факултети и согласно член 61 став 4 од Законот за високо образование (ЗВО) секој факултет треба да има по 10 редовно вработени наставници-професори, односно за сите 5(пет) факултети, треба да има 50 наставници. Како може да функционира факултет со двајца-тројца наставнички совет и да има декан. Знам дека Ви е смешно, ама е вистинито! Неминовна е потребата, за трансформирање на овој т.н. универзитет спојување (рационализирање) со некој од универзитетите (УКИМ или УКЛО)?!!
А, не како на Универзитетот во Охрид, има само 18 вработени наставници со наставно-научни звања, 1(еден) асистент и 1(еден) лектор за сите 5(пет) факултети. Што е спротивно на ЗВО и подзаконските акти!
(Доказ нека послужи извршениот вонреден инспекциски надзор на ДПИ во Записник бр.09-02 од 10.01.2024 година, испратено до министерот Јетон Шаќири, констатирано е дека Универзитетот „Св.Апостол Павле“-Охрид, согласно ЗВО, се уште не ги исполнува условите за негово постоење има 5 факултети и 16 вработени професори, а согласно ЗВО треба да има 50 вработени професори)
На универзитетот 12 години се менуваат едни исти луѓе за ректори и и тоа Нинослав Марина и Иван Бимбилоски, незаконито. Незаконито и нестатутарно се објавува Јавен оглас за ректор на Универзитетот, спротивно на ЗВО и Статутот на УИНТ-Охрид, како и други незаконитости, за што сум поднесол кривични пријави до ОЈО-Скопје-Охрид, за нивно разрешување. За случаите на УИНТ-Охрид, запознаени се и поранешни министри, како и актуелната министерка за образование и наука Весна Јаневска. Зошто не е реагирано, зошто и сега не се реагира? Зошто не е извршена и зошто не се врши ревизија од МОН, прашања за одговор? Зошто не се активирал Одборот за акредитација или формално поставениот Одбор за евалуација, кој е партиски составен од СДСМ и ДУИ!. Зошто, ги прашувам поранешните министри, како и актуелната министерка? Зошто нема одговорност! Не смее да се работи како до сега!
А, вакви незаконски (квантитативно) поставени универзитети со нивните единици ги има и на некои други јавни универзитети (УКЛО-Битола, универзитетот „Мајка Тереза“, Универзитетот Тетово, ЈИЕ-Тетово), како и на сите приватни универзитети во Македонија.
Затоа го поставувам прашањето: Дали се потребни толку многу јавни универзитети и нивни факултети без стручен наставен кадар? Дали ни се потребни над 20 правни, економски или факултети по менаџмент? Дали има потреба од спојување на некои факултети со други, за нивен квалитет. Дали може да биде УИНТ-Охрид, универзитет? За ова веднаш ќе одговорам НЕ! Не може Универзитет да има наставен кадар, колку што има еден факултет со вработени над 50 професори, а овој од Охрид,16 или 18 наставници! Прашања за размислување на надлежните органи кои третираат прашања од образованието? На потег е Владата на премиерот Христијан Мицкоски!
Затоа, во мојата книга: „Состојби и потреби за квалитет на високото образование во Република Македонија, Скопје2015г и втор дел 2018г“, ќе напишам:…„ На Република Македонија, потребни и се помал број високообразовни установи и нема вишок наставен кадар. Потребни се институции што ќе ги прифатат предизвиците на современата едукација со разновидни профили на наставни планови и кадри, обезбедени финансиско-материјални средства за непречено организирање и реализирање образовна, наставна и научна работа и студенти што ќе им се посветат на студиите, кои навреме ќе ги завршуваат, а не со години да се третираат како студенти. Со други зборови, на Република Македонија ѝ требаат отворени високообразовни, заинтересирани студенти што ќе покажат успех и постигања и ќе бидат третирани како партнери заедно со наставниците, соработниците и ќе ги дадат саканите ефекти-ќе продуцираат квалитетни кадри“.
Што изјави премиерот Христијан Мицкоски
Вие премиере, Христијан Мицкоски, ќе изјавите: „се срамам на две места каде што бев и во Вашингтон и во Лондон, каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам, едните и другите и третите ми кажаа од кај вас преку ден се добиваат дипломи. И ни прават проблем во нашите држави. Тоа не може да се случува повеќе. Тоа не може да се случува, посебно што јас доаѓам од високото образование. Не може дипломи преку ноќ да се добијат. Тоа мора да се смени“.
Затоа почитуван премиер Христијан Мицкоски, Национално координативно тело/комисија, час поскоро да проработи, стручно и професионално, со задача да ја контролира работата на високообразовните установи и нивна трансформација во Македонија.
Македонија тоа го заслужува!!!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес