АктуелноВидеаВидеоИНТЕРВЈУОхрид

(ВИДЕО) Бакрорезецот Боро Митрески Mинта не воодушеви со најновите дела – овој пат икони на сребро насловени „33 Христос, живот за спас на човештвото“

Скромен и не наметлив,некогаш началник на СВР Охрид, карате мајстор со црн појас 7 – ми дан и прв карате мајстор со црн појас 7 – ми дан во Охрид. Образован за секоја тема од секојдневието, а најмногу го интересира историјата на Македонија – Боро Митрески Mинта. Но, кога подобро ќе го запознаете веднаш ви станува јасно дека Боро е голем верник, но и уметник. Па токму поради тоа ги споил верата и уметноста.

Резултатот на овој спој се изработените икони на  сребрена плоча – сребро рез  33 Христос живот за спас на човештвото. Се работи за резба на сребрена плоча, која се изработува со посебни глета изработени од високо квалитетен челик.

Во микро експонатите изработени се 33 дела кои се годините на Исус кои ги живеел на земјата до неговата маченичка смрт за спас на човештвото. Мотивите се Богородица со богомладенецот портретно поставен Исус и неговото распетие .

Овие фасцинантни дела сеуште не се јавно претставени. И по неколку напори да се направи изложба, засега поради различни причини истите не се јавно прикажани.

Да се надеваме дека интересот на институциите ќе се побуди и и ќе се изнајде начин оваа изложба да ја видат сите за скоро време.

 

Боро цели 50 години (половина век),  е со  Карате вештината, до пред неколку години беше професионално вработен во СВР – Охрид каде, како што ни рече ги поминал сите скалила во професијата почнувајќи од обичен милицаец позорникар се до Началник на илегална миграција, превенција, странци и реадмисија.

Ретко кој знае дека негово хоби се бакоререзот и длаборезот – копаничарството и дека е добар познавач на македонската историја и како што вели вљубеник во својата земја.Во неговиот дом  чиниш од секој агол ве „ѕирка“ каратето или неговите скулптури и икони за кои вели дека ги прави со многу љубов и пред да почне да ги работи на пример иконите со познатите претстави на светците најнапред ги истражува нивните житија, па дури потоа седнува да ги работи.

 

Боро денес е пензионер со слободно време кое го троши на нештата што му го одбележаа децените претходно.

– Но сум доста посмирен вели и не брзам веќе никаде, барем се трудам да бидам таков.