Августската полна месечина, која ќе биде видлива денес (19 август), има неколку имиња – супермесечина, сина месечина и месечина на есетрата.
„Супер“ се однесува на орбитата на Месечината, што ја доближува малку поблиску до Земјата овој месец, зголемувајќи ја нејзината големина и сјај. „Сина“ значи дека ова е трета од четирите полни месечини оваа сезона, што е необична појава. Што се однесува до „есетра“, тоа се однесува на индиското име за августовската полна месечина, пишува „Ју-ес-еј тудеј“.
Сината месечина се случува во просек еднаш на секои две или три години, според НАСА, но сината месечина која истовремено е и супермесечина е уште поретка. Времето помеѓу супер сините месечини може да биде долго и 20 години – но генерално, 10 години е просек.
Месечината ќе достигне врвна полнота во понеделник, на 19 август. Според НАСА, Месечината ќе изгледа полна три дена, од недела наутро до среда рано наутро.
Кога орбитата на Месечината ќе ја приближи до Земјата од вообичаено, оваа космичка комбинација се нарекува супермесечина.
kurir.mk