Наш ИзборНаш изборОхрид

Турнир во мал фудбал Преображение Вевчани 2024

Денес е Преображение, празникот кој го чествува секој дом во Вевчани, но и завршувањето на спортската манифестација Турнир во мал фудбал Преображение Вевчани 2024.
Оваа година затворањето на турнирот први ќе го обележат најмладите фудбалери од Фудбалската Академија Вевчани со почеток од 19:00h, a натпреварот за трето место ќе се одигра во 21:00h помеѓу екипите на Кафе бар 9 и Мечо транс, додека финалниот натпревар ќе започне во 22:00h помеѓу екипите на АСП ПАК и Бел мерцедес.
Изминативе 20дена Вевчани дишеше во спортски дух и го збогативме летото со уште една успешна манифестација. Благодарение на сите што помогнаа да се одржи овој настан, се гледаме до година побројни и посложни.
Спортски поздрав
Организационен одбор