АктуелноОхрид

Добиени позитивни мислења за прогласување на Студенчишкото блато за Парк на природата

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) работи транспарентно во соработка со засегнатите страни во рамки на постапките за донесување на националната легислатива. Во однос на Предлог на Закон за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природа и Предлог на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природа, кои се во собраниска процедура пред донесување, запазена е целата постапка за прогласување согласно Законот за заштита на природа. Добиени се позитивни мислења од релевантни државни органи, Националниот совет за природа и одржани се три јавни расправи во општините Охрид и Струга.

Исто така, МЖСПП постапува и согласно одлуките од 2023 и 2024 година на Комитетот за светско наследство при Конвценцијата за светско природно и културно наследство (УНЕСКО) во кои експлицитно е побарано од државата да ги прогласи Охридско Езеро и Студенчишко Блато за заштитени подрачја, со цел да обезбеди заштита.

Согласно предлог – законите, ЈП Колекторски систем, Охрид како иден упраувач со заштитено подрачје Споменик на природа – Охридско Езеро и Општина Охрид како иден управувач со заштитено подрчаје Парк на природа – Студенчишко Блато ќе имаат обрска на транспарентен начин да изработат и донесат планови за управување, во кои ќе бидат дефинирани дозволени и забранети активности по зони, што се дел од препораките на Бернска Конвенција. Идните управувачи ќе имаат обрска да воспостават чуварска служба и мониторинг на природното наследство во двете подрачја и да обезбедат нивно интегрално управување и заштита.

Со донесувањето на овие закони од Собранието, ќе се овозможи заштита и зачувување на природните вредности на овие подрачја и нивно соодветно долгорочно управување, како и исполнување на целите на Националната стратегија за заштита на природа, исполнувањто на целите ЕУ и Зелениот договор, како и одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од 2023 и 2024 година.

 

 

општина Охрид