Оперативните служби максимално ангажирани на повеќе локации, согласно наметнатите потреби во екот на туристичката сезона, за одржување на јавната хигиена и зеленило
Во раните утрински часови реализирани активности за машинско и рачно миење на чаршијата
Расчистена дива депонија создадена од диви кампери на локација после Заливот на Коските
Ангажман пред и по одржување на културно-уметнички настани и концерти
Во делот на одржување на јавното зеленило, покрај редовното косење и наводнување во централното градско подрачје. се косеа зелените површини и отстрануваше дива вегетација на улиците Никола Карев и Караорман
Се уредуваше и потегот покрај патниот правец до с. Скребатно и покрај регионалниот пат Охрид -Св.Стефан