АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Ангелов: Нов пожар во општина Охрид, кој се движи кон Ресен – од врвот Магаро кон Стење, ако има потреба утре ќе се гасне од воздух

Вкупно 29 пожари на отворено имаше во текот на денешниот ден на територија на цела држава, од кои 21 се изгаснати, два се ставени под контрола. Шест пожари се уште се активни, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Најтешкиот пожар, како што информира, е на територија на општина Макдонски Брод, кој е навлезен на територија на ловиштето „Јасен“ и еден крак се движи кон викенд населбата на брегот на езерото Козјак.

Ангелов соопшти дека има пожар и во општина Охрид, кој се движи кон Ресен, поточно од врвот Магаро кон Стење. Во гаснењето на пожарот се вклучиле 12 вработени на НП „Галичица“ и четворица локални пожарникари. Ако има потреба, посочи тој, пожарот утре ќе се гасне од воздух.

 

„Има пожар и во Општина Охрид, кој се движи кон Ресен, поточно од врвот Магаро кон Стење. Актвни се и пожарите во Општина Новаци, село Полог, во Општина Кичево, кај селот Челопеци. Два активни пожара има во Струга, едниот кај село Долна Белица, а вториот пожар е струшките села Татеши – Добовјани“, вели тој.

Ангелов апелира до граѓаните да не користат пиротехнички средства при прослави и семејни веселби, кои потоа можат да предизвикаат пожари.