Разгледница или како што во тоа време се нарекувала „Поштенска картичка“ од Охрид од 1964 година.
Разгледници ( Поштенски картички ) биле фотографии ( или колаж од повеќе фотографии ) испринтан на хартија. На едната страна била фотографијата ( или колажот од фотографии ) додека на другата имало класичен формулар на кој се испишувало името и презимето и адресата до кого се испраќа.
Од левата страна имало и простор да се напише по некој поздравен збор.
Овие картички по пошта луѓето ги испраќале до своите роднини или блиски кога патувале во некоја дестинација на летен одмор.
Ова е уште постара Поштенска картичка, која била во промет помеѓу двете светски војни.