АктуелноОхрид

Пронајдени наркотични средства при претрес во дом на лице од Охрид

На 08.08.2024 во 14.00 часот во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода лице на (47) години  од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, стебло од растението канабис, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и грендер со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.