недела, ноември 10, 2024
АктуелноОхрид

Избран најдобриот расказ на годинашниот конкурс „Живко Чинго“

Расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра: „Фанатик“, е најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.

На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази. Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 09 август да се јави во Одделението за култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок. Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август во село Велгошти.