АктуелноОхрид

Распоред на богослужби за Илинден

На денот кога го славиме споменот на светиот и славен пророк Илија, на светите Пречистански Преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, како и 121 години од херојското Илинденското Востание, ве известуваме дека централното торжество ќе се одбележи со:

1. Света архијерејска Литургија во Сечесниот Храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во с. Лазарополе, со почеток во 09:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј;

2. Свечен чин на Доксологија – Молитва за Татковината и за покој на паднатите за слобода, во соборниот храм на Свештената Бигорска Обител, со почеток во 13:00 часот.

Честит Илинден и од Бога благослов!