АктуелноОхрид

При вршење на ископ за изградба на објект настанат е дефект на главната водоводна линија – прекин во водоснабдувањето во населбата Св.Стефан

При вршење на ископ за изградба на објект од страна на градежна компанија во населбата Св.Стефан, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка (салонит) со профил ф160 мм.
Прекин во водоснабдувањето од 11:00 часот, ќе има во населбата Св.Стефан на потегот од Хотел Гранит до Горица 2.
Екипи на ЈП ВОДОВОД се на терен до целосно завршување со санацијата.