Маларичната, добро познатиот здравствен објект во центарот на Охрид добива нов лик. По неодамнешното поставување на ПВЦ дограма на прозорците, деновиве се работи на разубавување на овој стар објект во градот.
Имено се поставува стиропор табли по што ќе следи и фасада со која оваа здравствена установа ќе добие нов современ лик кој ќе се вклопува во целокупниот декор.