АктуелноОхрид

Тектонската појава “Дувло“во Косел прогласена за природна реткост

Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувло“ во атарот на с. Косел е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Локалитетот Дувло се наоѓа на оддалеченост од 7 км северно од Охрид на десната страна од регионалниот пат Охрид – Битола во с. Косел и е на надморска височина од 750 метри и површина од 0,49 хектари.
Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид, а со цел да се обезбеди нејзина заштита од општинскиот буџет се издвоени еден милион денари.