АктуелноОхрид

Кривична пријава за охриѓанец поради превезување дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При контрола на патничко возило „рено клио“, со кое се превезувала, извршена на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа марихуана.