АктуелноОхрид

Слоу Фуд регата, како најава за “Вкусете го Охрид-локално”

Лето и езеро, луѓе и едрилици, вино и храна: идеална комбинација за ексклузивната Слоу Фуд регата.
⛵️Елегантните бели едрилици всушност се најава за третото издание на “Вкусете го Охрид-локално”, а денес се вивнаа едрата на Слоу Фуд регатата…
Станува збор за 7 едрилици кои накитени со знамињата на Слоу Фуд во исто време тргнаа во езерска авантура.
👱‍♀️👩‍🦰👩‍🦳А пред тргнувањето, три убавици: Добра, Чиста и Правична, асоцијација на постулатите на Слоу Фуд, послужуваа со домашно благо, да тргне убаво, слатко, лесно…Храна за промени!
Белината од едрилици и луѓе стартуваше во еден здив, а потоа со полни едра сите запловија кон целта 🌊.
Во секоја едрилица е магично: брановите ветувачки смируваат, мезето е сон на секој гурман и хедонист🥂🥮, се пробуваат локалнатите специјалитети и готвачки егзибиции.
И секако се пие вино, дар на боговите, за моментите подолго да траат.
Се мерак до мерак, убаво за око, вкусно за желудник, да се насладува душата…
🥂Клучниот момент беше
спојувањето на едрилиците, знак да се кренаат чашите, угоре, високо и да се наздрави.
Да живее животот!
Волшебните моменти на оваа Слоу Фуд регата се снимија со дрон, да потсетат на време денешно, на славење на нашата, со мерак направена традиционална храна и на магични вина од домашните винарии.