понеделник, ноември 18, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Полицијата кај Стружанец пронашла хероин – заработи кривична пријава

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43 годишен жител од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.07.2024 на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин. Додека, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, предмети со остатоци од херои и една дигитална вага со остатоци од хероин.

Извор: СВР Охрид