АктуелноОхрид

Туристичката инспекција упатува апел за користење на лиценцирани туристички водичи во Охрид

Во екот на главната туристичка сезона, Туристичката инспекција во рамки на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид има зголемен обем на работа и покрај редовната контрола на туристичките објекти, редовно се контролираат и туристичките водичи, кои водат организирани групи гости.
Во последниот период, како дел од теренските активности, во повеќе наврати туристичките инспектори констатирале непочитување на Законот за туристичка дејност и нелиценцирани туристички водичи, кои водат групи на разглед во Охрид.
Со цел да се спречи ваквата појава и да се избегне изрекување на казни, се упатува апел до сите странски туроператори, домашни туристички агенции, сместувачки капацитети и други туристички чинители, кои носат туристички групи на разглед на археолошките локалитети и другите знаменитости во Охрид, задолжително да користат услуга од лиценциран туристички водич.
Се очекува од сите вклучени во туристичките дејности да работат согласно законските прописи со цел да се зачува имиџот на Охрид како атрактивна туристичка дестинација.