сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Претставници од општина Охрид учествуваа на турнир од Јадранската текбал лига

Претставници на Општина Охрид беа дел од турнирот на Јадранската Текбал лига која се одржуваше иминатиот викенд во Бар, Република Црна Гора.

На турнирот учествуваа натпреварувачи и спортски работници од Балканските земји, вклучувајќи ја и Полска.

Во рамките на настанот, раководителот на Секторот за спорт, млади и невладини организации при Општина Охрид,  Јоне Станковски оствари средби со претставници  на Текбал федерациите од повеќе земји, на кој се дискутираше за поголема промоција на овој спорт во Охрид и Македонија. Исто така, на средбите било разговарано и за можноста за организирање на турнири во Охрид, со цел зголемување на понудата на градот и развој на спортскиот туризам.

Учеството на турнирот се реализираше на покана на Текбал федерацијата на Црна Гора, а охридскиот тим го сочинуваа Александар Бакулески и Коста Трифуноски од ГФК „Охрид Лихнидос“ и лиценцираниот текбал судија, Фатмир Бафто.