На 21.07.2024 во 02.55 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа лице од Австралија затоа што при контрола во објектот бил затекнат при користење кокаин. При преглед кај него, пронајден и одземен е кокаин. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2024 во 21.10 часот на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа лице од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2024 во 22.10 часот на магистралниот пат Струга-Подмолје, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, лишија од слобода лице од Охрид. При преглед извршен во неговиот паркиран патнички автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.07.2024 од 00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-01, Кичево-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.