Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес
Продолжува лакрдијата на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид (УИНТ).По непочитување на донесената пресуда на Управниот суд на Република Македонија, со која се уважи тужбено барање на тужителот, и се поништи Одлуката на Сенатот бр.02-100/3 од 30.1.2024 година. Во која донесената Одлука на сенатот, нема своја основа во одредбите на Законот за високо образование (ЗВО) и Статутот на УИНТ. Одлуката Судот ја поништува како незаконита. Против Пресудата не е дозволено право на жалба. И покрај донесувањето на Пресудата на Управниот суд и нејзиното јавно објавување од страна на Судот на 21.3.2024 година, и доставување на Пресудата до странките, престанува важноста на Одлуката бр.02-100/3 од 30.1.2024 година, бидејќи е огласена за ништовна, како и сите донесени одлуки и постапки потоа по новораспишаниот оглас за избор на ректор.
Кои се вработените кои ја злоупотребуваат службената положба
Ректорот на универзитетот Иван Бимбилоски, претседателот на сенатот доцент Расим Салкоски, претседателот на универзитетската изборна комисија Атанас Христов, назначениот незаконски вд ректор Нинослав Марина, се лицата кои не ја почитуваат законитоста и Пресудата на Управниот суд на Република Македонија, со што ја злоупотребуваат службената положба и овластување по член 353 од КЗ, како и несовесно работење во службата по член 353-а од КЗ. Напред наведените лица, како и за Даниела Кироска, вработена во Државниот просветен инспекторат како Советник Државен просветен инспектор, за овие лица е поднесена Кривична пријава до Вишото јавно обвинителство-Битола, како и до Основното јавно обвинителство во Охрид.
Образовен феномен без преседан на УИНТ-Охрид
Во доставената Кривична пријава до Вишото јавно обвинителство-Битола, како и до Основното јавно обвинителство во Охрид, си земам за право со доза на сарказам и непомирливост за да до крај се симболизира злоупотребата и крајната неодговорност и дрскост што се случи и случува на јавниот-државен универзитет „ Св. Апостол Павле“-Охрид (запознаени се во МОН, сега актуелната министерка за образование и наука Весна Јаневска, како и Државниот просветен инспекторат), таквата лакрдија да ја споредам со фудбалскиот натпревар во општинската охридска лига, пред многу години, каде што на еден натпревар се дадоа 134 спрема 1 голови за домашната екипа, (повозрасните охриѓани добро го паметат) и таквиот резултат денеска стои запишан во гинисовата книга на рекорди. Па предлагам одлуките донесени од сенатот и ректорската управа на државниот универзитет „Св. Апостол Павле“-Охрид, со мандат од само еден ден избрани проректори, да се пријави во гинис и да стои запишано како образовен феномен без преседан.
На овие проректори мандатот им заврши на 3.05.2024 година, кога и мандатот на пријавениот ректор. Напоменувам дека на 1.05.2024 година, не се работеше, државен празник – ден на трудот, а, исто така на 3.05.2024 година, како државен празник не се работеше – Велики петок . Значи единствениот работен ден кога имале и потреба од тројца нови проректори да бидат ангажирани бил 2.05.2024 година, четврток.
Почитувана, актуелна министерке Весна Јаневска!
Навистина е жално ова што го пишувам, не е смешно, туку е многу загрижувачко, што се случува на државниот јавен универзитет СО СВЕТОТО ИМЕ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО ОХРИД, и верувам дека е единствено во светот. Ова треба да даде повод и грижа на државата и да се освестат и профункционираат надлежните институции (МОН, ДПИ, ОЈО, АКВО, ДКСК, ДКЗД) за да конечно стават крај на ваквите образовни апсурди кои се криминални и коруптивни во високото образование. Не само на јавните државни универзитети, туку и на другите универзитети. Неслучајно се зборува меѓу академската – професорската фела, дека Универзитетот „Апостол Павле“-Охрид, се нарекува јавен универзитет МЕРКО 2, за жал, а, приватниот секако е МЕРКО 1 во Струга, па и со право поради тоа да очекуваме уште и јавниот универзитет да биде запишан на црната листа. А, за тоа, наскоро во некоја од моите колумни. Затоа на ред се министерке, нашите надлежни институции да извршат вонредни инспекциски надзори, како и да се изврши реакредитација на Универзитетот од АКВО ( Академијата за квалитет на високото образование и нивните органи за акредитација и евалуација). Ред е почитувана министерке да профункционираат институциите!
Види повеќе: Лакрдија во врска со постапката за избор на вд ректор на УИНТ-ОХРИД
Објавувањето на Јавен оглас за избор на ректор треба да е согласно ЗВО и Статутот на Универзитетите во Македонија
Објавувањето на Јавен Оглас за избор на ректор во Република Македонија е врз основа на Законот за високо образование(ЗВО), односно врз основа на член 94 и 97 став 3 од ЗВО каде што цитирам: „ректорот се избира од редот на редовните професори со објавување на јавен оглас“, став 4 од истиот член стои дека:„ ректорот се избира за време од три години, со уште право на еден избор“…и понатака следи понатамошни постапки со формирање на комисии, роковници и слично. Воедно согласно член 97 став 13 од ЗВО стои дека:„ Постапката за избор на ректор подетално се уредува со статутот на универзитетот“ .
Што стои во Статутот на УИНТ-Охрид
На Веб страната на универзитетот Статутот на универзитетот е донесен во 2019 година, но не е заведен под кој број се води и од кога. Не ме изненадува ништо. Немаат време. Но согласно таквиот Статут на УИНТ-Охрид, стои:
Согласно член 128 од Статутот на УИНТ-Охрид, дека: Ректорот се избира од редот на редовните професори со објавување на јавен оглас за избор на ректор од страна на Универзитетот и ја утврдува содржината на огласот. Огласот содржи:
- Општи услови;
- Посебни услови;
- Други елементи од значење на постапката
Кандитатите за ректор поднесуваат пријави со:
- Програма за работа
- Биографски и библиографски податоци
Па во член 129 од Статутот стои дека: Вршењето на должноста ректор е неспоиво со вршењето на друга јавна функција или функција во политичка партија… За оценка на уредноста на пријавата и исполнетоста на условите за избор согласно член 131 од Статутот стои дека: Универзитетската изборна комисија со решение ги отфрла пријавите на кандидатите кои не ја доставиле вкупната документација која се бара со Огласот. Универзитетската изборна комисија со решение ги одбива пријавите на кандидатите кои не ги исполнуваат општите и посебните услови наведени во огласот.
Примери од два македонски универзитети
Од тие причини да биде појасно на македонската јавност и академската фела ќе наведам пример на објавен јавен оглас за избор на ректор од два македонски универзитета и тоа на УИНТ-Охрид, објавен и заведен под бр.04-685/1 од 27.11.2023 година, каде стои услови за избор на ректор:
- Да биде државјанин на Република С.Македонија;
- Да биде редовен професор;
Кандидатите за ректор кон Пријавата задолжително доставуваат:
- Биографија со библиографија;
- Програма за работа и развој на Универзитетот за мандатниот период;
- Одлука за избор во редовен професор;
- Уверение за државјанство;
Кандидатите за ректор ги доставуваат потребните документи во рок од 8(осум) дена по денот на објавувањето на Јавниот оглас во печатени дневни веснициии….
Вториот пример е од најстариот и најдобриот Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, објавен и заведен под бр.02-363/2-1 од 14.03.2023 година, каде стои:
1.Услови за избор на ректор:
- Да е државјанин на Р.С.Македонија;
- Да е од редот од редовните професори;
2. Кандидатот кој се пријавува на јавниот оглас, до Универзитетската изборна комисија треба да достави:
- Пријава;
- Програма за работа;
- Биографски и библиографски податоци;
- Одлука за избор во звањето редовен професор;
- Уверение за државјанство;
- Е-адреса;
- Телефон за контакт;
3. Рок на доставување…
4. Документацијата се поднесува: во оригинал или заверена копија со предавање во архивата….или во електронска форма… Иста е постапката за избор на ректор и на УКЛО-Битола, УГД-Штип, УТ-Тетово и другите универзитети. И сето тоа е согласно ЗВО и нивните Статути.
Објавениот Јавен оглас за избор на ректор на УИНТ-Охрид, е спротивен на ЗВО и Статутот
Државниот универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид (УИНТ), распишува Јавен Оглас за избор на ректор за мандатен период од 3 (три) години 2024-2027 година арх.бр.04-464/1 од 15.07.2014г. (објавен во весникот Нова Македонија на 15.јули 2024г на стр.7). Еве што стои:
1.Општи услови кои што кандидатите треба да ги исполнуваат за избор на ректор, стои:
1.1 да е одредот на редовните професори;
1.2 да е државјанин на Република С.Македонија;
1.3 Да не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
Преседани наведени во посебните услови
2. Додека наведените посебни услови коишто се наведени во Јавниот оглас за кандидатите за избор на ректор се спротивни на член 94 и 97 став 3 од ЗВО и член 128 од Статутот на универзитетот. Наведените посебни услови на Јавниот оглас под точка 2.1, 2.2, 2.3, 2.4, не можат да се однесуваат за посебен услов за избор на ректор, тоа е спротивно на ЗВО и Статутот на УИНТ-Охрид. Посебните услови наведени во Јавниот оглас за избор на ректор, не се однесуваат за избор на ректор. Дел од посебните услови можат да се однесуваат за избор во наставно-научните звања (доцент, вонреден или редовен професор), согласно член 173 во делот на Постапката за избор во наставно-научни звања од Законот за високо образование, а не за ректор. На ректорот, да ве потсетам сенатори, ректоре Иван Бимбиловски, „ВД ректорот“ Нинослав Марина, правната служба на УИНТ-Охрид, дека ваквите наведени посебни компетенции не се однесуваат за избор на ректор. Ректорот е редовен професор, за да добие звање согласно ЗВО, конкретно член 173 има постапка, формирана рецензиона комисија од членот 173 став 10 стои: Рецензионата комисија во рефератот ги вреднува вкупните научни, стручни, педагошки и други остварувања на кандидатите… Читајте, правниче-ректоре Иван Бимбилоски. Не правите преседани. Да ви се смее светот! Но, ова е смислен чин на манипулации на одговорните на УИНТ и дел од сенатот на универзитетот, односно самоволие и се наведуваат услови „ од ракав“ како што е предметниот Јавен оглас!
Незаконски и нестатутарен дел наведени во Јавниот оглас за избор на ректор со посебни компетенции
- Потврдени компетенции во вршење на наставно-образовната дејност во високото образование, вклучително и способност значително да придонесе кон воведување на нови иновациони методи во изведувањето на наставата и поддршката при учењето на Универзитетот во согласност со европската рамка на Квалификации;
- Потврдени компетенции во вршење на на научно-истражувачката дејност во високото образование, вклучително и способност значително да придонесе кон зголемување на бројот на објавени научни трудови на наставно—научниот кадар на Универзитетот во научни списанија индексирани во SkopusQ1; Потврдени компетенции во вршење на стручно—апликативната дејност во високото образование, вклучително и способност значително да придонесе кон зголемување на бројот на добиени и успешно имплементирани меѓународни проекти на Универзитетот;
- Запознаеност со и разбирање на најдобрите високо-образовни практики во светот, вклучително и способност во голема мера да ги пренесе на универзитетот;
За наведените посебни компетенции кои се бараат во Јавниот оглас за избор на ректор се спротивни на член 94 и 97 став 3 од ЗВО, како и спротивно на член 128 од Статутот на УИНТ
4. Кандидатите кои се пријавуваат на јавниот оглас, до Универзитетската изборна комисија треба да ги достават следните документи:
- Пријава за ректор (оригинал)
- Програма за работа на Универзитетот за мандатниот период своерачно потпишана (во оригинал)
- Биографски и библиографски податоци на кандидатот
- Како доказ за исполнување на општиот услов 1.1 одлука за избор во редовен професор. Кандидатите за кои изборот во редовен професор го потврдува сенатот да достават и одлука за потврдување на звањето редовен професор ( во оригинал или копија заверена на нотар);
- Како доказ за исполнување на општиот услов 1.2 Уверение за државјанство, , не постаро од 6 месеци (во оригинал или копија заверена на нотар);
- Како доказ за исполнување на општиот услов 1.3 Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност ( во оригинал);
- Како доказ за исполнување на посебен услов од точка 2.1 сертификат за постигнувања во областа на изведување на настава и поддршка при учење во високото образование во согласност со европската Рамка на Класификации или соодветна национална рамка на професионални стандарди(во копија);
- Како доказ за исполнување на посебен услов 2.2 Да има најмалку 4 (четири) објавени трудови како автор или коавтор, со оригинални научни резултати во последните 5 години во научни списанија индексирани во SkopusQ1(во тврда копија и PDF формат);
- Како доказ за исполнување на посебен услов 2.3 Да има најмалку 4(четири) Договори за работа на проекти на програмата на на Horizont2020, IPA I ERASMUS+ (во копија);
- Како доказ за исполнување на посебен услов 2.4 Потврда за докторски или посдокторски научно-истражувачки односно професионален престој на најмалку 2 (два) од 100-те прворангирани универзитети во светот, согласно објавените листи на следните институции: Институт за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, USNews and Report I Times Education Supplement-World University Ranking (во копија);
На овој преседан објавен Јавен оглас за избор на ректор единствено што му недостига што не се бара кандидатот да достави фотографија, ама да имаат ист лик како ректорот Иван Бимбиловски.
Повик до министерката за образование и наука Весна Јанеска и другите јавни надлежни институции
Со спорниот Јавен оглас за избор на ректор на УИНТ-Охрид, се повредени и темелните вредности на Уставниот поредок на Република Македонија, член 8-владеење на правото, член 9- граѓаните пред уставот и законите се еднакви, член 23-секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, член 32- секому под еднакви услови му е достапно секое работно место!
Затоа министерке, објавениот Јавен оглас за избор на ректор на УИНТ е незаконит и нестатутарен и очекуван при извршените надзори ќе биде ПОНИШТЕН, а носителите на незаконските дејанија да сносат санкции согласно законските регулативи.
Во борба против организираниот образовен криминал и корупција СЕГА И ВЕДНАШ!!!
Новата Влада тоа го вети!!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес