Наш ИзборНаш изборОхрид

Струга домаќин на спортскиот фестивал „Илинден“

На 2. Август 2024 година, за големиот празник Илинден, Струга ќе биде домаќин на спортски фестивал.

Истиот ќе се одржи на кеј „8-ми Ноември“ (наспроти „Тинекс“ маркет) со почеток во 11:00 часот во дисциплините пливање, ватерполо, кајак, суп и такла скок.

– На само три недели до големиот спортски спектакл ве потсетуваме дека линковите за натпреварувачи и волонтери се се’ уште отворени, но не за долго. Местата во сите натпреварувачки дисциплини и волонтери се речиси пополнети и истите ќе бидат затворени во моментот кога ќе се достигнат предвидените бројки, дури и пред објавениот рок. Побрзајте, бидете дел од највжниот спортско-забавен настан ова лето и не дозволувајте другите да ви раскажуваат, порачуваат органиазторите.

 

 

ohridpress.com.mk