Rolling Wheels prospect Macedonia ве поканува на незаборавна мото забава (Biker beach party II) на крајбрежјето на Охридското езеро на најубавата плажа „Славија“.
Забавата започнува во 12 часот а продолжува со дефиле во 17 часот и вечерта за атмосферата ќе се погрижат едни од најдобрите рокенрол бендови The backdoor band , а ќе има и храна и пијалоци по пристапни цени. Исто така обезбеден е и кампинг простор на самата плажа.
Оваа година ќе има изложба на половни мотори кои ќе се продаваат само на денот на забавата по релативно многу ниски цени. Исто така имаме специјален гостин tatoo артист од Битола, Александра.