СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед извршен на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.