петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Сомнежи за злоупотреби на картички дадени на Брзата помош

Сомнежи дека одредени лица кои работат како возачи во Брзата помош во Охрид вршат злоупотреби на службените картички доделени за влез на возилата при интервенции во центарот на Охрид, кои тие ги користат вон работно време за приватни потреби кога доаѓаат во премиум зоната на паркингот која е оградена со рампи. Слични манипулации правеле и лица вработени во МВР.

Паркинг просторот е под видео надзор, а денес и секој вработен на паркинзите има телефон со камера, па видео снимки од овие манипулации има кај одредени политичари, советници но и кај раководства на јавни претпријатија.