Наш ИзборНаш изборОхрид

Стартуваат активностите на градскиот фудбалски терен „Билјанини Извори“ за Лигата на шампиони во фудбал

На 3 јули стартуваат активностите на градскиот фудбалски терен “Билјанини Извори” како последни подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал. За потсетување нашиот шампион тимот на Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Слован Братислава од Словачка.
Ние како претпријатие во соработка со македонскиот фудбалски шампион максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на фудбалските тимови што подобри услови за одигрување на натпреварот. За да го постигнеме тоа од 03 јули до 25 јули градскиот фудбалски терен нема да може да се користи така што им се заблагодаруваме на разбирањето на сите наши сегашни фудбалски корисници што во посочениот период нема да можат да го користат градскиот фудбалски терен.
ЈП “Билјанини Извори” на македонскиот фудбалски шампион им посакува многу успех во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал, информираат од ЈП „Билјанини Извори“