АктуелноОхрид

Возач тешко повреден во сообраќајка во Струга

На 30.06.2024 во 08.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во близина на фудбалско игралиште во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 55 годишен жител од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 41 годишен жител од с.Радолишта, струшко, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „опел вектра“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од ОВР Струга.