СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (41) година од охридското село Долно Лакочереј како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Даночно затајување“.
Имено, лицето ., во својство на управителка на правното лице, во текот на 2023 година, свесно и намерно не ги пријавувала сите остварени приходи, внесувала лажни податоци за приходите на правното лице и уплаќала помала сума парични средства од вистинската.
При контрола извршена од УЈП, кај правното лице констатирани се неправилности, односно кусок во износ од 753.190 денари
