Наш изборНаш ИзборОхрид

Излета патничко моторно возило на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај месноста „Сатеска“

На 27.06.2024 година околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сатеска“, патнички автомобил „Рено Флуенце“, со охридски регистарски таблици, што го управувал лице на (63) години  од Охрид, излетал од патот.

Возачот и три лица-сопатници во автомобилот, со медицинско возило се пренесени во Општата болница во Кичево каде, кај сопатникот лице на (33) години  од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди.

Возачот  и вториот сопатник лице на (61) од Охрид, се здобиле со телесни повреди додека кај третиот сопатник,  лице на (35) од Охрид, не биле констатирани повреди.

 

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.