АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Денес се празнуваат Маченици Вит, Модест и Крискентија

Свети Вит е роден во Сицилија, од славни, но неверни родители. Модест му беше учител, а Крискентија дадилка. Свети Вит се крсти мошне рано и уште во дванаесеттата година започна голем подвиг. Ангели му се јавуваа, го раководеа и го крепеа во подвигот, а и самиот тој беше светол и убав како Божји ангел. На судијата што го тепаше му се исуши раката, а тој со молитва му ја исцели.

Татко му ослепе кога во неговата соба виде дванаесет свети Ангели на коишто „очите им беа како ѕвезди, а лицата како молњи“. Но, Вит со молитва му го врати видот. Кога татко му сакаше да го убие, на Вит му се јави Ангел и заедно со Модест и Крискентија ги пренесе во Луканија, на брегот на реката Силар. И овде Свети Вит покажа многубројни чуда над болните и демоноопседнатите.

Повикан од царот Диоклецијан, отиде во Рим, каде што го изгони злиот дух од царскиот син, за што царот не само што не го награди туку и луто го мачеше затоа што одби да им се поклони на глупавите идоли. Но, од сите овие маки го избави Господ и со Својата невидлива рака го пренесе пак во Луканија, од каде и тој и Модест и Крискентија се преставија кај Господа. Моштите на Свети Вит почиваат во Прага.

denovi.mk