Наш ИзборНаш изборОхрид

ЗП Охрид и дебарца победник на регионалните спортски натпревари 2024г.

На ден 19,06,2024 во Вевчани се одржаа 28те регионалени пензионерски спортски натпревари од 4 регион во организација на Здруженијата на пензионери на македонија на кои домаќин беше ЗП Вевчани а на кои ЗП Охрид и Дебарца учествуваше со 48 пензионери спортисти во спортската екипа и 10 судии.

На регионалните спортски натпревари во 2024г спортистите-пензионери се натпреваруваа во 22 спортски дициплини во машка и женска конкуренција со учество на над 150 спортисти-пензионери од ЗП Вевчани, ЗП Лабуништа, ЗП Дебар и Центар Жупа, ЗП Кичево, ЗП Македонски Брод, Зп Струга и ЗП Охрид и Дебарца.

Зп Охрид и Дебарца стана севкупен екипен победник на 4 регион во рамките на СЗПМ и доби диплома на одржаните 28 регионални спортски натпревари на кои беа освоени први места во 11 спортски дисциплини во поединечна и екипна машка и женска конкуренција за што добија дипломи и се стекнаа со право да учествуваат на државните спортски пензионерски натпревари во текот на месец септември 2024 г.

Спортската екипа на ЗП охрид и Дебарца беше составена од пензионери спортисти кои беа избрани на одржаните пензионерски општински спортски натпревари кои се одржаа на 29,05,2024 во рамките на Зп Охрид и Дебарца на кои учествуваа над 100 пензионери.

 

 

Комисија за информирање при ЗП Охрид и Дебарца