АктуелноОхрид

Традиционално искачување на Парумба, струшко на вториот ден од Духовден

 

Стружани традиционално и оваа година во посета на познатото место Парумба над струшкото село Горна Белица, на вториот ден од Духовден.

Бројни верници денес се искачија кон црквата Света Троица која е посветена на празникот Духовден.

Света Троица — македонска православна црква. Се наоѓа во струшкото село Горна Белица. Се наоѓа западно од селото, високо на планината Јабланица, во самото подножје на Црн Врв на 1900 метри надморска висина.

Главниот празник се празнува на вториот ден Духовден, каде се собираат голем број на верници кои прават литија која трга во 5 часот наутро од центарот на селото.

Црквата е позната по името Парумба, по истоименото место што значи Гулабица на влашки јазик. Црквата е осветена на 28 септември 1998 година од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Под црквата извира вода, која се смета за света.

 

фото ФБ Дејан Пановски