петок, ноември 15, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

21 јуни, Ден на Охридското езеро

21 јуни традиционално го означува почетокот на целосната туристичка сезона во трите општини кои се опкружени со Охридското Езеро – Струга, Охрид и Поградец.

За прв пат Денот на Охридското Езеро беше одбележан во 2002 година, со цел да се придонесе за заштита на природното и културното богатство на регионот, како и натамошно приближување на жителите од двете страни на езерото.

Земјата домаќин на настанот циркулира од една општина во друга, но пораката е секогаш иста: подигање на јавната свест за поголема соработка на граѓаните и владата за заштита на сливот на Охридското Езеро, како незаменлив природен ресурс.