Чувајте се од топлината.
Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најтоплиот период од денот. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место.
Освежувајте се често:
Бидете добро хидрирани. Пијте 6-8 чаши вода дневно.
Често туширајте се, за да се oлади телото.
Заштитете се од топлина:
Ограничете го физичкиот напор. Ограничете ја физичката активност, особено во периодот од денот кога е најтопло.
Носете светла облека и лесна облека, наочари за УВ заштита и капа.
Користете креми со заштитен УВ фактор.
Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 10 до 17 часот.
Одбегнувајте алкохол и акохолни пијалоци, како и пијалоци што содржат кофеин како и екстремно ладни пијалоци.
Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.
ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА
За време на топлотни бранови, здравјето на бебињата и децата може да се влоши брзо. Треба да се преземат одредени мерки на претпазливост за да се намалат здравствените ризици.
Хидрирајте ги Вашите деца:
Дајте им чаша вода на секои 20 минути.
Почесто доете го Вашето бебе.
Освежувајте ги Вашите деца често:
Во базен или во бања или туш најмалку двапати дневно.
Освежете ја кожата со влажна крпа неколку пати на ден.
Заштитете ги Вашите деца од топлина:
Облечете ги во лесна облека.
Покријте ја главата со широка шапка.
Никогаш не ги оставајте сами во слабо вентилирана просторија.
Никогаш не ги оставајте сами во затворен автомобил изложен на директно сонце.
Ограничете ја нивната изложеност на топлина:
Ограничете ги нивните активности на отворено, како што се спортските натпревари и други физички активности во најтоплиот дел од денот.
Планирајте активности на отворено пред 10 часот и после 17 часот. Кога топлината е помалку интензивна и Ув зрачење е помало.
Акутните ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем се превентабилни, односно можеме да ги спречиме.
Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место колку што е можно побрзo. Веднаш напиjте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате. Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
Ако некој член на Вaшето семејство или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бессознание, веднаш повикајте итна медицинска помош! Додека се чека итната медицинска помош префлете го лицето на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите; отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;
Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија.
За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
Други можни ризици по здравјето при високи температури се:
Труење со храна и појавата на цревни заразни заболувања!
Пред употреба задолжително е миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) со безбедна вода за пиење.
Термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фиржидер на +4°C, а пред употребата да се загрее на +100°C.
Избегнувајте прехрамбени производи кои термички не се обработени и бидете внимателни со консумација на сладолед и разни кремови.
Црвен крст Охирд